Достапни линкови

Несоодветно подготвените проекти главна причина за малата искористеност, велат познавачите


Институциите во Македонија веќе може да ги користат средствата од претпристапните фондови на Европската унија или ИПА. За нив може да аплицираат здруженија на грагани како невладини организации, стопански комори, фондации, фирми но тие тоа мора да го прават врз основа на концептот јавно приватно партнерство, што подразбира дека доколку некоја фирма сака да добие од тие средства за реалзација на некој проект тоа мора да го направи заеднички на пример со локална самоуправа, со здружение на грагани и слично. Некои од општините го имаат тоа направено, но чекаат одговор дали ке добијат средства. Станува збор за проект на општината Ресен, здружението Агропроизводители и странски фирми. Притоа планот е да се подобрат условите во една од фазите на производство на јаболка

„За тоа во општинава веќе година дена се работи на тој проект, вклучени се институции и организации од Италија, Франција и Германија и интензивно ги припремаме сите проектни документи, а со тоа би постигнале поголема валоризација на готовиот производ јаболко,“

изјави градоначалникот на општина Ресен Димитар Бузлевски.

Од некои фирми за советодавни услуги укажуваат дека како и досега кога искористувањето на средствата од европските фондови се одолговлекуваше поради несоодветно подготвени проекти, можно е тоа повторно да се случи. Како причина ја наведуваат недоволната информираност на институциите за начинот на користење на средствата. Проценуваат дека поинтензивно користење на средстава ке се случи наредната година

„Можеби евентуално годинава доколку се работи поинтензивно на ова поле, да дојде до поголемо искористување наредната година,“

изјави Бети Деловска од БАСМЕ, фирма за советодавни услуги во областа на менаџментот.

Со цел запознавање на организациите кои може да ги користат средствата се организираат обуки. До сега повеќе обуки имаат организирано Стопанската комора на Македонија.

„Стопанската комора има задача да ги објасни и да ги направи подостапни за сите институции кои треба да работат со компаниите за да се искористат овие средства,“

изјави Јадранка Аризанковска од Стопанската комора на Македонија.
XS
SM
MD
LG