Достапни линкови

Македонските политичари судењето го користат за свои цели, оценка на експертите


Во Хашкиот трубунал денеска продолжува судењето на поранешниот македонски министер за внатрешни работи Љубе Бошковски кој речиси три години е во затворот во Схевенинген. Во мегувреме додека тој ја чека конечната одлука на судот неговиот случај македонските политичари според Универзитетската професорка Биљана Ванковска го користат за сопоствени политички цели.

„Се појавуваше конкуренција меѓу политичарите да покажат кој е поголем патриот, кој повеќе се грижи околу тоа дека се води случај против македонски министер и слично. Иако сетоа тоа беше доста дволично.“

Со изјавите за подршка на Бошковски политичаирте се обидуваат да добијат позитивни поени кај Македонсите додава Ванковска:

„Се потенцира македонштината, патриотизмот и слично, што е нефер дури ако сакате и кон обвинетите во Хаг.“

Според неа сето ова придонесува да се изгуби поентата на судењата за воени злосторства.

„Јавноста не беше доволно информирана, практично не се постигна ефектот на она што го викаме соочување со минатото, соочување со конфликтот, да се обелоденат моментите кои се важни и за јавноста.“

Добро е што македонските политилчари ги посетуваат Бошковски и Тарчуловски во Хаг но лошо е кога тоа го користат за соптвени цели смета аналитичарот Осман Кадруи. Според него случаите кои се пред мегународниот суд на правдата се користат и за политички препукувања мегу власта и опозицијата

„Секоја партија, особено тие во опозиција, покрај другото алиби го користат и случајот Бошковски и неговото судење во Хаг, сметајќи дека не се обрнува доволно внимание од актуелната власт.“

Од правна гледна точка вели Кадруи изјавите на политичарите може повеке да им наштетата отколку да им бидат од корист на обвинетите

„Очигледно и судот ќе разбере дека станува збор за врбување и притисок што може да има и контра ефекти.“

Ванковска и Кадруи сметаа дека сличен однос преку кој сакаат да соберат полтилкиот поени имаат и албанските политичари во земјава кон вракањето на четирите хашки случаи.
XS
SM
MD
LG