Достапни линкови

Кенија: Растечките насилства се етничко чистење, оценка на САД


Американскиот помошник државен секретар Џендаи Фрејзер изјави денеска дека растечките насилства во Кенија, кои започнаа по минатомесечните претседателски избори, претставуваат јасно етничко чистење. Фрејзер учествува на самитот на Африканската Унија во соседна Етиопија. Кениската полиција соопшти дека во текот на изминатата ноќ уште 22 лица биле убиени во бруталните судири, со што, во нередите во Кенија досега настрадале околу илјада луѓе, а над 250 илјади се расселени.
XS
SM
MD
LG