Достапни линкови

Белград: Започнуваат разговорите меѓу Србија и ЕУ за укинување на визниот режим


Со состанокот со експерти на Европската комисија, најверојатно предводени од еврокомесарот за правда, Франко Фратини, денеска во Белград почнуваат разговорите на Србија со ЕУ за укинување на визниот режим за српските граѓани. Европската комисија на 18 јануари реши да почне дијалог за визна либерализација за граѓаните на Србија, откако беше оценето дека „техничките подготовки во Србија доволно напреднале“ и овозможиле донесување таква одлука. Европската комисија завчера предложи „политички договор“ за соработка меѓу ЕУ и Србија, кој вклучува рамки за напредок во политичкиот дијалог, слободната трговија, визна либерализација и соработка во образованието, што би бил потпишан на 7 февруари.
XS
SM
MD
LG