Достапни линкови

На добар пат сте, но треба да продолжат реформите и политичкиот дијалог


На добар пат сте, напредок има, но треба да продолжите со политичкиот дијалог и реформите. Немојте да ја пропуштите шансата 2008 година да биде вашата успешна година, порача словенечкиот амбасадор Ален Бергант, по денешната средба на премиерот Никола Груевски со амбасадорите на земјите-членки на Унија, пред кои ги презентираше досегашните резултати.

„Имате две главни цели што треба да ги постигнете годинава. А тоа е да добиете покана за членство во НАТО и до крајот на годината да добите датум за почеток на преговорите за членство во Европската Унија,“

изјави Бергант

Во текот на следните месеци владата и политичките лидери имаат можност да ги забрзат реформите, а парламентот има круцијална улога да направи се што може за донесување на потребните закони и заедно со владата да осигура нивно ефикасно спроведување.

„Ако моменталната ситуација продолжи тоа ќе и даде на Унијата доволно аргументи во следниот есенски извештај, да предложи земјата да ја почне следната фаза, односно да добие датум за преговори,“

рече Фуере.

Без конкретен одговор од францускиот амбасадор Бернард Валеро за тоа дали македонско-грчкиот спор за името ќе претставува пречка за нашето евроинтегрирање.

„Мислам дека последниот состанок во Охрид беше добар, беше чекор напред во тој процес. Се надеваме дека следниот состанок кој ќе се одржи понатаму ќе донесе некаков прогрес за ова прашање и се надеваме дека двете страни ќе дојдат до меѓусебно разбирање,“

изјави Валеро

И за министерот за надворешни работи билатералните прашања нема да бидат услов за евроинтегрирање на една земја.

„Задоволен сум што мнозинството членови во комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент јасно соопштија дека нема плус и минус на патот кон евроинтегрирање на некоја земја освен исполнувањето на Копеххашките услови. Билатералните прашања нема да бидат сметани како дел од овие критериуми и затоа се надеваме дека нивната позиција ќе остане принципиелна како што беше досега,“

рече Милошоски.
XS
SM
MD
LG