Достапни линкови

Презентирани постигнатите резултати во процесот на пристапување во ЕУ


Штотуку заврши средбата на премиерот Никола Груевски со амбасадорите на земјите членки на ЕУ, пред кои тој ги презентираше резултатите кои се постигнати во процесот на пристапување на Македонија во ЕУ. По средбата која беше затворена за јавноста се очекува прес конференција, на која освен премиерот Груевски, свое видување за напредокот на земјава ќе дадат и словенечкиот амбасадор Ален Бергант, евро амбасадорот Ерван Фуере и францускиот амбасадор во земјава Бернард Валеро. И додека лани помина во знак на лидерски средби како обид да се воспостави политичките дијалог, на чија потреба многупати укажуваше ЕУ, неодамна стигнаа најави од евро пратениците дека е подготвен документ со пакет предуслови што треба да ги исполни Македонија за да започне преговори за членство во ЕУ. Документот официјално ќе биде презентиран во март. Мислењата на експертите се дека нема да има нови критериуми или услови во документот, туку веројатно ќе се работи за попрецизна временска рамка за исполнување на обврските. Во неодамнешното интервју за Радио Слободна Европа и словенечкиот амбасадор Ален Бергант изјави дека ќе започнат преговори за либерализација на визниот режим со земјите од Западен Балкан во првата половина од нивното претседавање. А, исто така кажа и оти Словенија ќе се залага за напредок на сите земји од западен балкан во процесот на нивно евро интегрирање.
XS
SM
MD
LG