Достапни линкови

Буш побара усвојување на итни економски мерки


Американскиот Претседател Џорџ Буш го одржа последното обраќање во Конгресот познато како Состојба на Нацијата. Тој влезе во последната година од мандатот со речиси најнизок рејтинг досега. Меѓутоа, Буш, со гордост се осврна на двата мандата посветени на подршка на демократијата во светот. Од Конгресот побара усвојување на итните економски мерки порачувајки дека времињата на несигурност ке поминат и дека растежот неминовно ке следи во иднина.

На тешкотиите на американската економија Буш им посвети многу време во последното обраќање во Конгресот за Состојбата на Нацијата. Тој побара итно усвојување на стимулативниот план за кој се согласија лидерите на владеачките републиканци и опозиционите демократи. Буш предупреди дека било какви обиди од двете страни за некакви додатоци на планот само ке ја одложат програмата и ке ги ослабат ефектите. Во делот посветен на подршката на неговата администрација за демократските движења во поранешните комунистички држави и доминантно муслиманските нации Џорџ Буш во Конгресот изјави.


Во изминативе 7 години ние сме сведоци на возбудливи моменти во историјата на слободата. Ние ги видовме граѓаните на Грузија и Украина како се борат за слободни и фер избори. Ги видовме луѓето на Либан излезени на улици барајки независност. Ги видовме авганистанците како излегоа од тиранијата на талибанците. Ги видовме и ирачаните како со кренати прсти ја слават слободата. Сите овие нешта не инспирираа.

Буш го нагласи успехот во Ирак по драматичното намалување на насилството во регионот на Багдад. Непријателите се повредени, но не и победени, предупреди Буш на прерано повлекување на американските трупи од оваа земја. Во врска со Иран пак, Буш рече дека американнците го чекаат денот кога оваа земја ќе живее во слобода. Пораката до лидерите на Иран е да ја суспендираат програмата за збогатување на ураниумот и подршката на теророт во светот па да започнат преговорите. Опозиционите Демократи кои сега го имаат мнозинството во Конгресот, не се согласија со погледите на Буш за американската надворешна политика. Формалниот одговор на Опозицијата го изрече Кетлин Сибелиус Гувернер на Канзас. Таа рече дека е време заедно Републиканците и Демократите да работат за брз крај на војната во Ирак. Американците сакаат со сојузниците да соработуваат во војната против теророт, но не треба ад се очекува дека ќе ги решат политичките разлики во многу земји

Последните 5 години не чинеа многу во човечки животи. Ранети војници чии иднини можеби нема да бидат исти, Нашите ресурси беа насекаде. Американската политика не остави со неколку сојузници и повеќе непријатели. Придружете ни се господине Претседателе во тешките одлуки да ја повратиме нашата позиција во светот и да го заштитиме аншиот народ и нашите интереси.

Според Сибелиус, доколку повеќето од Бушовите Републиканци во Конгресот работат заедно со Демократите не ке треба да се чека новиот Претседател да ја поврати Американската улога во светот.
XS
SM
MD
LG