Достапни линкови

Помал број сведоци на одбраната затоа што сметаат дека е докажана нивната теза


Во Хашкиот трибунал денеска последните подготовки пред да почне распитот на сведоците на одбраната на Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски:

„Ние предложивме четворица сведоци кои ќе сведочат во живо и еден експерт од областа на активностите и надлежностите на МВР и министерот посебно во областа што се однесува на предметот пред Судот. Ќе има и писмени изјави на уште 11 сведоци, за кои судот може да одлучи и нов да ги повика да сведочат“

изјави Едина Решидович адвокат на Бошковски која додава

„Ние планираме нашите сведоци доколку не се случи нешто непредвидено да сведочат максимално три недели, по што доагаат сведоците на Тарчуловски“

Одбраната на Тарчуловски, адвокатот Антонио Апостолсски информира за сведоците кои тие ќе ги повикаат

„Имаме предвидено 14 сцедоци,“

вели Апостолски. Мегу сведоците на Тарчуловски во својство на воен експерт повикан е Благоја Марковски. Дел од сведоците или четворица ке бидат заштитени.

Адвокатите велат дека не се соочувале со големи проблеми при составување на листата на сведоци

„Ние навистина немавме вистински проблеми со сведоците. Сепак никој не сака да се појави пред суд и да сведочи, тоа е природна реакција и се случува и во сопствената земја пред домашните судови, а не вака пред мегународен суд.“

„Јас немав проблеми при составување на листата на сведоците. Исто така немав никакви проблеми за обезбедување на писмените докази,“

информираат Решидовиќ и Апостолски.

За разлика од бројот на сведоци на обвинителство кои беа шеесетина, сега бројот е помал бидејки мислиме дека досега се докажа тезата на одбраната, а и ја докажаме конрадикторноста во некои сведочења, вели Решидовиќ која додава:

„ Конечната одлука е нормално на судот, нашата теза е дека обвинителот во текот на изведување на сопствените докази не успеа да ја докаже тезата што ја изнесе дека Бошковски е виновен за прекршување на правилата на војување. Мегутоа, нормално нашата работа не е завршена, ние мораме во тој правец да се бориме во текот на изведување на доказите на одбраната“

Решидовиќ и Апостолски проценуваат дека исхдот од единствениот случај од Македонија во Хаг ќе се знае за околу три месеци.
XS
SM
MD
LG