Достапни линкови

До 2011 ќе бидат реновирани сто државни основни училишта


Проектот за основно образвание на Агенцијата за развој на Соединетите Американски Држави УСАИД предвидува реновирање на 100 државни основни училишта во Македонија. Вирна Манасиева Герасимова,менаџер за обуки и настани вели дека стратегијата на проектот е да се создадат средини што ке стимулираат учење

„Стратегијата не е само да се префарбаат ѕидовите и да се поправат скршените прозорци, туку во соработка со општините, и здруженијата на родеители и наставници да се создадат економични и одржливи образовни средини што користат современи градежни материјали кои штедат енергија за да им помогне на општините во сочувувањето на ограничените ресурси и одржувањето на квалитетни училишта,“

објаснува Герасимова и додава дека училиштата кои ке се реновираат се надвор од владиниот проект за реконструкција на училишта.

„До 2011 година ќе опфатиме сто училишта, но надвор од предвидената бројка за реконструкција во којашто ќе влезе владата.“

Од Основното училиште Ванчо Китанов од Пехчево кое е едно од веќе обновените училишта, велат дека се задоволни од направените реконструкции, но сепак како што велат од таму на училиштето му е потребно уште помош:

„На 18 училници се заменија отворите, имаше по два отвора големи со алуминиумски столарија. Значи, имаме уште неколку училници на коишто не се заменети прозорците. Во ходниците исто така не ни се заменети прозорците. Помошта од било кој е добредојдена,“

вели Валентина Станоевска, директорка на училиштето.

Од 1993 година УСАИД инвестираше во Македонија над 450 милиони долари. Во моментов се спроведуваат над 25 проекти во вредност од 25 милиони долари. Овие проекти имаат за цел да ја поддржат транзицијата на Македонија кон пазарна економија и мултиетничко демократско општество. Тие содржат иницијативи за забрзување на економскиот раст, развивање на демократски институции и едуцирање на граѓаните за потребите на модерната економија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во
повеќе од 100 земји.
XS
SM
MD
LG