Достапни линкови

Вашингтон: Последен говор на Буш за состојбата на нацијата


Американскиот претседател Џорџ Буш денеска се очекува за последен пат да одржи Говор за состојбата на нацијата. Буш чиј мандат завршува за помалку од една година не се очекува да соопшти некои поголеми промени во неговата политика. Според некои најави, тој ќе се заложи за удвојување на средствата за борба против сидата, а ќе го истакне и успехот на американските сили во Ирак. Тој ќе побара од конгресмените да го одобрат новиот пакет за стимулирање на американската економија.
XS
SM
MD
LG