Достапни линкови

Катар: Продолжува посетата на претседателот Црвенковски


Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски денеска, во рамките на неколкудневната посета на Катар, ќе се сретне со емирот Хамад бин Халифа ал Тани со кого ќе разговара за односите меѓу двете земји и за натамошното проширување и продлабочување на политичката и економската соработка. На средбата ќе бидат разменети мислења и за повеќе актуелни меѓународни прашања, а предвидено е и потпишување на неколку билатерални спогодби. Главна тема на разговорите ќе бидат економските односи и можностите за зајакнување на соработката во стопанството.
XS
SM
MD
LG