Достапни линкови

Атина: Почина поглаварот на Грчката православна црква


Поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Христодулос, почина изутрината во неговата резиденција во Атина. Шеесет и девет годишниот архиепископ долго време боледуваше од рак на црниот дроб. За поглавар на Грчката православна црква беше избран пред десет години и работеше на подобрување на односите со Ватикан.
XS
SM
MD
LG