Достапни линкови

Сјајот на форумот во сенка на предвидувањата дека глобалната економија оди кон рецесија


Во Давос заврши Светскиот економски форум. На годишниот петдневен екстраваганден собир на швајцарксите Алпи учествуваа над две ипол илјади успешни и врвни луѓе во нивните професии. Но годинава, сјајот на Форумот беше под сенката на предвидувањата дека светот се движи кон рецесија.

Давос две илјади и осма беше отворен со обраќањето на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, но и целиот список на учесници како да беше составуван според она кој е кој на меѓународната економска и политичка сцена. Ал Гор, нобеловец кој се бори против климатските промени, Перверз Мушараф контроверзен претседател на Пакистан, генералниот секертар на Обединетите Нации Бан ки Мун, претседателот на Мајкрософт Бил Гејтс. Копретседавачи на собирот беа Тони Блер и Хенри Кисинџер. Шампањско насекаде, хеликоптери кои ги чекаат гостите и црвени теписи. Но, организаторите на Светскиот економски форум енергично демантираат дека собирот е само прослава на богатите и славните. Нивната поента е дека Форумот е една од ретките можности каде што експертите заедно дискутираат за најдобрите начини за справување со проблемите и за она што следува по таквите решенија. Портпаролот на собирот Марк Адамс вели дека откако разговорите ќе завршат Форумот им помага на оние што им потребно во целиот свет.

„На пеесет илјади ученици во Јордан им дадовме компјутери. Истото го сторивме за два ипол милиона деца во Египет, донесувме електрична енергија во неколку африкански села, покренавме проект против сидата во Кина.“

Начинот на кој се постигнува сето ова, според Адамс, е уникатен за Давос. Светскиот економски форум на заедничка маса ги носи владите на оние земји на кои им е потребна помош и фирмите кои произведуваат, наприме лекови, компјутери.

„Мислам дека луѓето не сфаќаат дека Давос е годишен собир на организација која всушност работи преку цела година во спроведување иницијативи во областа на здавството, едукацијата, енергетиката.“

Вели портпаролот Марк Адамс. Годинава, освен проблемите со светските берзи, главна тема беше водата и како правилно и штедливо да се користат водните ресурси на Планетава.

„Имаме голема надеж во Давос, бидејќи од финансиската страна на проблемот ние ги охрабруваме министрите да ги видат предностите во инвестирањето во технологии за подобро корситење на водите.“

Вели Стафани Бленкнер од Меѓународниот инстиут за води, со седиште во Стокхолм.
XS
SM
MD
LG