Достапни линкови

logo-print

Граѓаните се жалат дека станува се потешко да се „врзе крај со крај“


По најавите за нов бран поскапувања на цените на прехранбените производи од граѓаните се сомневаат во можаноста да се спречи ваквата појава. Станува се потешко да се издржат зголемувањата на цените, но она што недостаува е поголема војла кај надлежните да се реши овој проблем, а наместо да преземаат итни мерки, синдикатите покажуваат послушност, велат дел од граѓаните.

„Нема младина, нема синдикат. Така некако, чекаме факторот време да решава, место ние да се организираме.“
„Кој може да реши освен влада?“
„Многу е полошо, се вадиме со трендот, но има механизми кои може да се преземат.“


Од владата пак велат дека превземаат механизми за ублажување на последиците од континуираното зголемување на цените:

„Комисијата за заштита на конкуренцијата ќе преземе мерки со коишто ќе проверува дали при зголемувањето на цените евентуално доаѓа до некои заговори против пазарот и потрошувачите и нарушување на пазарните закономерности,“

изјави владиниот портпарол Ивица Боцевски

И додека синдикатите во Хрватска и Словенија кадешто е забележана истата појава веќе најавија штрајкови, а хрватската влада лобира кај прозводителите да не ги зголемуваат цените, од синдикатите во нашата земја се уште не реагираат. Најавуваат дека наскоро ќе го кажат својот став. Економските експерти пак велат дека преку граѓански иницијативи и поактивна улога на невладините организации, граѓаните можат да влијаат врз овој процес. Но прашање е колкав е интересот за мобилизација на истите, вели проф Јован Пејковски според кој синдикалното организирање пак може да предизвика и несакани ефекти.

„Цените растат за да може да ги покријат трошоците на производство. Ако се бара цените да запираат, може да се намалат можностите за отворање на нови работни места. Имаме еден економски парадокс, што би се рекло, во поглед на тоа кој колку може да влијае.“

Македонските увозници веќе најавија дека од следната недела цените на млекото, јогуртот, брашното, зејтинот, чоколадите и др. производи ќе бидат повисоки за 10 до 20 отсто.
XS
SM
MD
LG