Достапни линкови

Пресврт во политиката на САД кон партиите на Албанците во Македонија, оценка на експертите


Градоначалникот на Сарај од редовите на ДПА најави тужва за клевета против неговиот колега од Арачиново кој од ДУИ поради изјавата дека во кондово има ораганизирани криминални групи. Оваа кавга на локална ниво е последната од низата мегу партиите од албаснкиот политички блок. Таквиот нивни однос при минадонелната посета на Тирана го сикрутува и Америкаскиот заменик државен секретар Розамри Ди Карло која изјави дека Вашингтон е лут на политичките партии на Албанците во Македонија пред се поради нивниот меѓусебен однос кој според неа го блокира политичкиорт процес. Рафиз Алити од ДУИ вели дека оваа изјава не значи дека нивниот односи со Америка се заладени:

„Сметаме дека тоа е дел на пропагандата што ја правеше господин Груевски во Брисел и другите центри, дека Албанците имаат проблеми меѓу себе што не е точно. Албанците имаат проблем со оваа власт.“

Според него не е точно ниту дека кавгата во албанскиот политички блок ги блокира полтичките процеси и напорите за евро атланско интегрирање

„Процесите ги блокира власта која наметнува закони кои не се во интерес на граѓаните.“

Абудлади Вејсели од владеачкта ПДП пак со спротивен став:

„Секоја кавга е штета и во интергрирањето на Македонија во евро атлантските структури.“

Тој вели дека од односите мегу партииите пред се се незадовони граганите од албанско етничко потекло:

„До сега сум зборувал со десетици илјади граѓани и секој е заинтересиран да има политичка стабилност.“

Борбата за превласт на политичките преставни прави голема штета врз демократизацијата на самите албански грагани вели професорот од Штуловиот Универзиет Јетон Шасивари. Во крајна линија додава тој таа се одразуба врз работата на парламентот и на владата, а изјавата на Ди Крало покажива дека америка ги заладува односите со албанскиот фактор

„Оваа последна изјава на госпоѓата Ди Карло бележи пресврт што се однесува до САД и политиката кон политичките партии на Албанците кон Македонија.“
XS
SM
MD
LG