Достапни линкови

Ингушетија: Растерани демонстрантите на анти-владиниот протест, уапсен дописник на Слободна Европа


Во руската провинција Ингушетија, полицијата со употреба на солзавец и истрели во воздух, ги растера демонстрантите на забранетиот анти-владин протест во градот Назран. Нема информации за евентуални повредени, а повеќе лица се уапсени, меѓу кои и дописникот на Радио Слободна Европа и некои други известувачи од независни медиуми. Околу 500 демонстранти протестираа против корупцијата и кршењето на човековите права.
XS
SM
MD
LG