Достапни линкови

Љубљана: Посета на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун


Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун ќе допатува во дводневна посета на Словенија. Како што е најавено, тој ќе се сретне со словенечкиот претседател Данило Тирк, поранешниот претседател Милан Кучан и министерот за надворешни работи Дмитриј Рупел. Централна тема на разговорите ќе биде соработката за време на словенечкото претседавање со Унијата, особено во врска со решавањето на отворените прашања во Западен Балкан, со акцент на косовското прашање и стабилноста во регионот.
XS
SM
MD
LG