Достапни линкови

logo-print

Реаална можност е Хрватска да добие покана за членство во НАТО


Реална можност, оценува хрватскиот државен врв во врска со тоа дали во април годинава Хрватска ќе добие покана за членство во НАТО. Деновиве во земјата се покренува широка кампања за зголемување на поддршката на граѓаните на хрватскиот влез во Алијансата, која досега никогаш не изнесувала повеќе од четириесет насто. Поддршката за членство во НАТО расте и поради резултатите од изборите во Србија.

Можноста Хрватска на самитот во НАТО во април во Букурешт да добие покана за членство е реална, заклучиле и шефот на државата Стипе Месиќ и премиерот Иво Санадер на нивната прва работна средба по формирањето на новиот кабинет на Санадер. Договорено е и покренување и кампања на кое подробно ќе се објасни што тоа на Хрватска ќе и донесе членството во Алијансата.

„Со влегувањето во НАТО Хрватска себе си се позиционира во политичка и безбедносна смисла. Стануваме дел од една организација која еве, скоро шеесет години од постоењето, им обезбедува мир на нејзините членки.“

Вели хрватскиот амбасадор во НАТО Давор Божиновиќ. Државниот врв е против идејата за влегување во Алијансата да се одржи референдум, на што, и покрај поддршката на членството во НАТО, инсистираат опозиционите социјалдемократи. За тоа се и од невладиниот сектор:

„Најавата дека Хрватска едноставно ќе му се приклучи на НАТО само со одлука на хрватскиот Сабор е скандалозна. Цело време во врска со ова прашање фали транспарентност. Треба да се оди во мировни мисии, да се реагира на воени злосторства, но тоа може да се прави и во рамките на Обединетите нации. Кога ќе влеземе во НАТО веќе нема дискусија.“

Ваквата оценка на Весна Тершелиќ, директорка на невладиниот центар Документи ја отфрлува како лицемерна амбасадорот Давор Божовиќ кој вели:

„Знаете тоа би било исто како кога некој би рекол дека некогаш и на овие простори доаѓале мировници како топовско месо. Тоа апсолутно не е точно.“

Вториот аргумент во кампањата ќе биде во врска со економијата. Членството во НАТО значи дека станува збор за стабилна земја во која не е ризично да се инвестира, велат во владата. Како поволен момент за кампањата се оценува и најновата политичка ситуација во Србија. Деновиве премиерот Санадер изјави дека хрватските граѓани се сеќаваат, како што рекол, на агресијата врз Хрватска во половината деведесетите години и оти тие перципираат таков развој на настаните доколку српските радикали се уште во својата политика ја имаат идејата за голема Србија.
XS
SM
MD
LG