Достапни линкови

Законите мора да важат за сите и насекаде, велат од МВР


Советот во кој членуваа прествници на општината, ОБСЕ МВР и жителите на селото по седум годишна работа нема повеке да функционира - тоа е една од последиците на вчерашната одлука за замрзнуавње на соработката со МВР и ОБСЕ појаснува денеска градоначалникот на Арачиново Музефер Бислими

„Ќе не тепа некој денеска, тоа е само рамо за плачење. Не сакаме веќе полицијата да врши терор, да тепа, да убива, а утредента да држиме состанок и да плачеме пред ОБСЕ и органите на мониторинг мисиите.“

Бислими додава дека тие и досега не соработувале со повисоките преставници на министертвото туку само со локалната полиција:

„Меѓутоа сега и со локалната нема да имаме никаква соработка. Дури јас му реков на командирот дека не им гарантирам дека слободно ќе може да шетаат по општината, тие нека си преземат одговорност и нека се договорат бидејќи граѓаните се крајно револтирани.“

Од министертвото за внатрешни работи пак велат дека очекуваат градоначалнилнок и преставниците на ДУИ да ги поддржат во напорите Арачиново да го направат побезбедно место за живеење:

„Голем број жители на Арачиново и околните села во изминативе неколку месеци во десетици наврати го пријавуваа токму осомничениот за сторени кривични дела. МВР ќе продолжи да работи во таа насока и нема да отстапиме од политиката дека законот ќе важи на целата територија на Република Македонија и дека правото мора да се спроведува секогаш и секаде,“

вели портпаролот Иво Котевски

Полицијата и локалната самоуправа треба да соработуваат пред се поради поголема безбедност на граганите вели поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов:

„Ваквата одлука што ја донесол Советот на Арачиново мислам дкеа е надвор од Уставот и правниот систем на било која држава. И мислам дека заради ваквите одлуки треба да реагира владата и евентуално да ги преземе надлежностите.“

Вакавата одлуката на локалните власти следеше откако полицијата завчера во обид да го приведе го застрела Насер Небија осуденик на седум години затвор и еден од главните осомничени за усбиството на полицаецот Зоран Марковски.
XS
SM
MD
LG