Достапни линкови

Пекинг: Во 2007 Кина забележала економски раст од 11,4 насто


Кина соопшти дека во 2007-ма година забележала економски раст од 11,4 насто, што е највисока стапка во последниве 13 години. Кинеската економија, главно поради големиот извоз и инвестициите во градежништвото и индустријата, 5-та година по ред бележи економски раст од над 10 насто, со што се доближи до Германија, која е трета најголема светска економија, по Соединетите Држави и Јапонија.
XS
SM
MD
LG