Достапни линкови

logo-print

Политичките критериуми се познати, согласни експертите и партиите


По најавите од европретставноците дека е подготвен документ со пакет предуслови што треба да ги исполни македонија за да започне преговори за членство во Европската унија, што официјално ке биде презентиран во март, јавноста во Македонија не очекува нови критериуми или услови, туку попрецизна временска рамка за исполнување на обврските.

„Република Македонија, како и останатите држави кандидатки за членство во ЕУ имаат строго утврдени правила, односно тоа се копенхашките критериуми, коишто треба да ги исполни за да стане полноправна членка. Специфичност на Република Македонија е исполнувањето на политичките критериуми и рамковниот договор,“

изјави Александар Спасеновски од владеачката ВМРО-ДПМНЕ кој е член на собраниската комисија за европски прашања.
Со речиси ист став и од опозицијата:

„Политичките критериуми би биле исти тие се познати и речени порано,“

изјави Агрон Буџаку од собраниската комисија за европски прашања кој додава дека тука ке бидат и оние обврски од договорот од 29 мај.
Пакетот со предуслови не може да содржи новини велат и експертите кои укажуваат дека она што може да се очекува е споменување на името во тој пакет, но не како услов

„Мислам дека во подруга смисла ќе биде споменато, не како услов, туку една и потреба, и барање на ЕУ да се забрза процесот на преговарање,“

изјави Димитар Мирчев претсеадтел на Европското движење во Македонија.
Претставниците на партиите со слични очекувања

„Спорот со Грција е билатерален спор и се решава во рамките на ОН. Оттаму, Република Македонија не очекува дека спорот којшто го има Република Грција околу уставното име на нашата држава ќе претставува критериум за членство во ЕУ,“

вели Спасеновски кој додава дека кога се говори за спорот со името воопшто не може да се изостави фактот дека Грција ке продолжи да прави притисок и да го искористи своето влијание во Унијата тоа прашањае да го наметнува во понатамошниот евроинтеграциски процес.
XS
SM
MD
LG