Достапни линкови

Охрабрувачки сигнали за македонскиот пат кон НАТО


Охрабрувачки сигнали за македонскиот пат кон НАТО, со препорака дека за спорот со името треба да се најде решение во рамките на ОН. Ова е главното што го рече генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Схефер, по денешниот состанок со македонската владина делегација на евро атлантскиот совет, на кој Македонија ги презентираше досегашните реформи.

„На масата имаше охрабрувачки сигнали за прогресот на реформите. Исто така, секако јасно е дека сеуште нема никакви конечни одлуки. Реформите треба да продолжат со истото темпо. Важно е да има вистинска политичка култура меѓу политичките партии, владата и опозицијата. Направен е прогрес, како на пример во децентрализацијата, правичната застапеност, судските реформи и борбата против корупцијата. Живееме во важно време, кога нема многу време до самитот на НАТО. Како што реков и кога беше тука хрватскиот премиер Иво Санадер, нема загарантирани билети за НАТО. Имаше и голема пофалба за учеството на Македонија во мировните операции во НАТО. НАТО Алијансата порачува дека се неопходни добро соседски односи и беше побарано од сите, да се најде решение за името. Но, проблемот со името не е работа на НАТО, тоа е во надлженост на господин Нимиц. И нема да ви дадам целосен извештај, ако не ви кажам дека во коминикето на НАТО, од Министерскиот состанок во декември минатата година беше потенцирано дека треба да се најде решение за спорот со името со Грција.“

рече Схефер.

Според изјавата на премиерот Никола Груевски, сите амбасадори на НАТО денеска во Брисел и оддале признание на Македонија за напорите што ги прави на патот кон членство во НАТО. Раговорите за името ќе бидат интензивирани рече Груевски, иако решението за проблемот не е лесно:

„За нас тоа беше важна средба, добивме честитки за прогресот од сите амбасадори на НАТО. За прогресот во економијата, борбата против корупцијата и криминалот и прогресот во политичкиот дијалог. Состанокот на северно атлатскиот совет се одржа во позитивна атмосфера при што сите амбасадори на НАТО и честитаа на Македонија за реформите. Сакам да истакнам дека проблемот со името не е толку лесен. Се разбира дека ќе ги интензивираме напорите за решавање на овој 17 годишен проблем, кој ако беше лесен до сега ќе беше решен. Јас реков и дека по априлскиот самит ние ќе продолжиме со истото реформско темпо,“

изјави Груевски.
XS
SM
MD
LG