Достапни линкови

Вашингтон: Претседателските избори во Србија демократски, оценка на Стејт департментот


Претседателските избори во Србија се одвиваа на демократски начин но е прерано за коментирање на резултатите, бидејќи треба да се одржи втор круг гласање, соопшти американскиот Стејт департмент. Кандидатот на Српската радикална партија Томислав Николиќ освои 39,57 проценти од гласовите во првиот круг од изборите, а кандидатот на Демократската партија на Србија и актуелен претседател на Србија Борис Тадиќ - 35,45 проценти.
XS
SM
MD
LG