Достапни линкови

Не треба да се очекуваат шокови на краток рок на македонската берза, оценуваат експертите


По падот на индексот на светските берзи, од македонската велат дека е рано да се предви дали и како таквите потреси би се одрзиле врз економијата во земјава.
Не може да постои 100% поврзаност меѓу тоа што се случува на берзата и во економијата, велат оттаму.

Иако македонските финансиски пазари не се тесно поврзани со меѓународните, екфекти ќе има, велат економските екперти

„Ефектот ќе зависи од тоа колку овие проблеми во банкарскиот сектор на развиените земји ќе влијаат врз општата ликвидност на меѓународните пазари, бидејќи тоа ќе биде и основа за евентуални вложувања во финансискиот сектор и економијата во другите земји,“

изјави професорот Владимир Филиповски од Економскиот факултет во Скопје
Македонската економија е зависна од европската и доколку се случи таа да доживее рецесија, односно намален обем на економската активност и пад на цените, тогаш е нормално тоа да се одрази и кај нас, оценува берзанскиот аналитичар Горан Марковски

„Не би требало некои шокови да се очекуваат барем на краток рок. Ако се намали обемот на работа на партнерите со македонските компании, тогаш ќе се одрази и на Македонија.“

Но дали случувањата на берзата би придонеле појава на можна инфлација?

„Инфлација може да се случи единствено доколку продолжат да растат енергенсите. Но, ако се земе предвид дека е рецесија, тоа значи намалување на обем на работа на капацитетите кои трошат енергенси и тие шокови што би ги претрпеле економиите се минимизираат.“

Македонија има добра монетарна политика и не се потребни посебни механизми со кои би се заштитиле од евентуални инфлаторни удари, објаснува проф.Филиповски

„Се разбира монетарната политика ќе треба да процени од каде доаѓаат најголемите притисоци за пораст на цените и според тоа соодветно да реагира.“

Индексот на македонската берза за хартии од вредност денеска падна за 2, 34 проценти. Минатата година беше оценета како рекордно добра година за Македонската берза, во која се оствари промет колку во претходните неколку години заедно. Берзанскиот индекс МБИ 10, кој го покажува движењето на десетте најтргувани акции на Берзата, во 2007 година пораснал за над 99%.
XS
SM
MD
LG