Достапни линкови

Анкара: Грчкиот премиер Караманлис во официјална посета на Турција


Грчкиот премиер Костас Караманлис денеска пристигнува во тридневна официјална посета на Турција, на покана од неговиот колега Реџеп Таип Ердоган. Во програмата на грчкиот премиер се вклучени средби и со претседателот Абдула Ѓул и со други официјални претставници на Турција. Утре Караманлис ќе отпатува за Истанбул, каде што ќе ја посети Вселенската патријаршија, а на последниот ден на посетата заедно со Ердоган ќе учествуваат на економскиот форум на бизнисмени од двете земји. Турскиот премиер вчера истакна дека посетата, која е прва на грчки премиер по 49 години, е од особена важност за развојот на грчко-турските односи.
XS
SM
MD
LG