Достапни линкови

Партиите го поддржуваат законот, но предупредуваат на злоупотреби во дневно политички цели


По многуте усогласувања и дебати кои траеја цела година, законот за лустрацијата влегува во завршната фаза. По амандманската расправа која ќе се води и денеска во Собранието, се очекува тој да добие широка поддршка од пратениците.

„Па беше тешко да се усогласиме сосема и имаме можност денес да се донесе законот,“

вели предлагачот на законот Стојан Андов

Од СДСМ го потврдуваат ваквиот став нагласувајќи дека голем дел од пратеничката група на оваа партија се потписници на предлогот за донесување на законот. Цветанка Иванова вели дека оваа партија ќе изрази претпазливост во однос на неговото импелемнтирање:

„Со цел да не се претвори овој закон како меч за водење борба со политичките противници, затоа што имаме искуства од други држави да не се создаде повторно основа за нова лустрација.“

Андов вели дека донесувањето на законот би ги забрзал демократските процеси во земјата.

„Сметам дека овој закон навистина е важен закон за оценката на напредокот на Репулбика Македонија за интеграција во НАТО структурите.“

Додава Цветанка Иванова од СДСМ. Либерл демократската партија ќе побара лустрацијата во високообразовните установи и во рамките на црквата да ја врши посебна комисија формирана во рамките на овие институции. Законот кој го попречува пристапот до јавните институции на лицата кои биле соработници на тајните служби ккао и оние кои наредувале следење, прислушкување и обработка на податоци во врска со слободното размислување на одредени граѓани кои биле цел на ваквите следења, ќе го опфаќа периодот од 2 август 1944 година до денот на донесување на законот:

„За тоа е формирана комисија, се предвидува претседателот на комисијата да биде прелдожен од опозицијата. Таа комисија треба да од секој што сега врши јавна функција да добие изјава дека не бил соработник на тајните служби и не се занимавал со клеветење на своите од околината со цел да ги оневозможи нивните искажувања и делувања во правец на развој на демократијата,“

додава Андов.
XS
SM
MD
LG