Достапни линкови

Политичарите од албанските партии тврдат дека нема развиженост на вооружени униформирани лица


Меѓу селата Брест и Локаре полицијата вчера открила два бункера со поголемо количество оружје и муниција, велат од МВР и ги повтрдуваат информациите во некои од медиумите за раздвиженост на полициските сили во тој регион. Токму поради оваа акција, велат од МВР било зголемено нивното присуство. Џези Азири, советник од Бресто во општината Чучер Сандево вели дека ја забележале полицијата, но селаните немале директен контакт со неа:

„Фактички беа таму на едно место. Работеа десетина џипа, но не знам што правеле.“

Азири вели дека состојбата во тој регион од Скопска Црна Гора е мирна и жителите не забележале раздвиженост на вооружени униформирани лица:

„Не ние немаме сретнато такво нешто и немаме сознанија.“

Нема посебно мобилизирање на полицијата на Скопска Црна Гора според пратеникот на ДУИ од тој регион Сафет Незири:

„Немаме забележано иако полицијата ја врши својата работа. Немаме сознанија, зборувам за дење, како сите луѓе нормални кога гледаме како се движат граѓаните, такво движење на полицијата не сме виделе.“

Според Незири информациите во медиумите за зголемено присуство на припадници на МВР се тенденциозни:

„Мислам дека се шпекулации и манипулации од страна на некои неформални политички кругови кои сакаат да покажуваат некое лошо светло за дел од Република Македонија.“

На крајот на минатата година полицијата пронајде поголемо количество оружје во кумановско Лојане. Во полициската акција во Бродец покрај големото количество автоматско оружје и муниција за него беа запленети и гранати, ракетни фрлачи, зољи, а заплената беше презентирана во касарната „Ѓорче Петров.“
XS
SM
MD
LG