Достапни линкови

logo-print

Берлин: Постојаните членки на Советот за безбедност и Германија разговараат за санкции против Иран


Шефовите на дипломатиите на петте постојани членки на Советот за безбедност и на Германија на денешниот состанок во Берлин разговараат за можниот трет пакет санкции на Обединетите нации против Иран. Соединетите држави, Франција, Британија и Германија инистираат на санкции, поради тоа што Иран одбива да го запре процесот за збогатување ураниум на што се противат Кина и Русија. Во меѓувреме, во Техеран е соопштено дека Русија денеска го испорачала петтиот контингент на гориво за идната нуклеарна централа во Бушер.
XS
SM
MD
LG