Достапни линкови

Најроби: Три лица загинале во пост изборните насилства


Во најновите пост-изборни насилства во сиромашните квартови на Најроби, три лица загинале, соопшти кенијската полиција. Опозицијата најави дека од четврток ќе ги продолжи уличните протести. Нередите во Кенија започнаа по претседателските избори на 27-ми минатиот месец, кога победи актуелниот претседател Мваи Кибаки и досега загинале над 650 лица. Утре во Најроби се очекува да пристигне бившиот генерален секретар на Обединетите Нации Кофи Анан во обид да посредува меѓу двете страни.
XS
SM
MD
LG