Достапни линкови

Брисел: ЕУ ја реафирмира убеденоста во продлабочувањето на односите со Србија


Европската Унија денеска ја реафирмира својата убеденост во продлабочувањето на односите со Србија и покрај резултатите од првиот круг од претседателските избори, по кој, во водство е радикалот Томислав Николиќ, пред демократот Борис Тадиќ. Шефот за надворешна политика Хавиер Солана изјави дека прогресот на Србија кон Европската Унија ќе биде забрзан.
XS
SM
MD
LG