Достапни линкови

Во владата засега без коментар


Функционерите од Демократката партија на албанците (ДПА) поднеле колективна оставка до лидерот на партијата Мендух Тачи. Информацијата, неофицијално ја потврди и министерот за здравство Имер Селмани, кој не даде дополнителни детали за ваквата одлука на неговите сопартијци, коментирајќи дека партијата утре ќе излезе со официјален став. Владиниот портпарол Ивица Боцевски изјави дека Владата денеска нема да ги коментира случувањата во коалициониот партнер ДПА, и додаде дека премиерот Никола Груевски остварува редовни контакти со лидерот на оваа партија. Како што се јавува претседателот на ДПА Мендух Тачи побарал од сите министри и други назначени државни функционери од оваа партија да му достават оставки поради, наводно, незадоволителната работа на некои од нив. Лидерот на ДПА, Тачи, како што наведуваат партиски извори, дополнително ќе одлучува кои оставки ќе бидат прифатени.
XS
SM
MD
LG