Достапни линкови

Крањ: Состанокот на европските претставници без информации за јавноста


Шефовите на дипломатии од европскиот дел на Контакт Групата и Словенија како актуелен претседавач со ЕУ, синоќа одржаа состанок зад затворени врати на Брдо крај Крањ. Развојот на настаните околу косовското прашање, беше најавено како главна тема на средбата меѓу министрите од Велика Британија, Германија, Франција и Италија и од земјата домаќин Словенија, а на која присуствуваа и евромесарите Хавиер Солана и Оли Рен. Од словенечката влада соопштија дека откажувањето на соопштението за јавноста е согласно желбата на учесниците на состанокот, за да не влијаат на каков било начин врз денешните претседателски избори во Србија.
XS
SM
MD
LG