Достапни линкови

Белград: Граѓаните на Србија избираат иден претседател на земјата


Во Србија денеска се оддржуваат претседателски избори на кои учествуваат девет кандидати. Според анкетите фаворити се актуелниот српски претседател Борис Тадиќ и радикалот Томислав Николиќ. Изборите се сметаат за клучни во однос на идните релации на Србија со Европската Унија, а тие се случуваат и во период кога Косово се подготвува за независност. Повеќе од осум илјади избирачки места се отворени во Србија, а ќе се гласа и на 277 гласачки места на Косово. Право на глас имаат и српските државјани кои живеат во странство. За претседател на Србија ќе биде избран кандидатот што во првиот круг ќе добие најголем број на гласови. Доколку ниту еден кандидат не добие мнозинство гласови, вториот круг гласање ќе се одржи на 3-ти февруари.
XS
SM
MD
LG