Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Џон Меккејн и Хилари Клинтон победници на последните американски партиски избори


Републиканецот Џон Маккејн и кандидатот на демократите Хилари Клинтон се победници на последните партиски избори за номинација во рамки на американските претседателски избори. Републиканскиот сенатор Џон Меккејн победи на партиските избори во Јужна Каролина освојувајќи 33% од гласовите. На изборите на демократите одржани во државата Невада победи Хилари Клинтон која освои 51 отсто гласови. На изборите во Невада кај републиканците победи кандидатот Мит Ромни.
XS
SM
MD
LG