Достапни линкови

logo-print

Интензивирање на разговорите, но тоа не значи чекор кон решение, оценка на експертите


По подолго време преговорите за разликите околу уставното име ке се одржуваат во земјите кои се директни учесници во спорот, прво во пнеделник во Охрид, а потоа според најавите во Грција. Домаќин на средбата е министерот за надворешни работи Антонио Милошоски кој ке има поздравно обракање, по што следат разговорите меѓу македонскиот и грчкиот преговарач Никола Димитров и Адамантиос Василакис во присуство на медијаторот Метју Нимиц.

Ваквиот начин на одржување на средбите е чекор напред во смисла на интензивирање на разговорите, но не значи и чекор кон решение:

„Фокусот на домашната и меѓународната јавност ќе биде засилен на самите преговори. Организираноста, обврските на страните, можноста од празни преговори и одови ќе се намали,“

изјави Љубомир Фрчкоски професор на Правниот факултет во Скопје. Сето ова е во контекст на претстојниот самит на НАТО во Букурешт и воопшто македонстото евроатлантско интегрирање. Македонија никогаш не криела дека тоа и се врвни приоритети, вели Билјана Ванковска од Институот за одбрана при скопскиот филозофски факултет и додава:

„И нешто за што сме покажале колку сме спремни да правиме отстапки, дури и на внатрешен план, тоа е и наша слаба страна. Колку повеќе сте спремни да правите отстапки, покажувате, на вашиот условно речено опонент, дека тука е вашата ахилова пета.“

Ванковска укажува дека тоа го знае и Грција и меѓународната заедница. Оттука според неа и надежта на меѓународната заедница дека ќе се реши прашањето:

„Надежта на меѓународната заедница е дека преку конкретно манифестирање на тоа колку го сакаме членството во НАТО ние ќе се сложиме и со некакво компромисно име.“

Во нацрт извештајот на Европскиот парламент подготвен од известувачот за македонија Ерик Меер, се споменува дека кон крајот на оваа година земјава треба да добие датум за преговори, но голем дел е посветен на спорот со името и се констатира дека е потребно да се постигне решение што е можно побрзо.

Словенечкиот амбасадор во Македонија Ален Бергант чија земја е претседавач со Унијата, во утрешното интервју за Радио Слободна Европа вели

„Словенија се надева дека тоа нема да биде нов критериум или пречка за вклучување на Македонија во Европската Унија.“

вели Бергант. Тој додава дека ги поздравува најавените претстојни средби мегу македонските и грчките претставници со псредство на Нимиц.
XS
SM
MD
LG