Достапни линкови

Вашингтон: Буш денеска ќе објави пакет мерки за стимулирање на економијата


Американскиот претседател Џорџ Буш денеска ќе ги објави пакет мерките за стимулирање на домашната економија, во време кога се појавија страхувања од можна рецесија. Се претпоставува дека пакетот ќе опфати извесни даночни олеснувања со цел да се раздвижи економијата и да се намали стапката на невработеност. Претседателот на американската Централна Банка Бен Бернанке ја подржа идејата за овој стимулативен пакет, но оцени дека тој мора да биде временски ограничен.
XS
SM
MD
LG