Достапни линкови

Интензивирање на тензиите меѓу Брисел и Москва околу енергетската политика?


Рускиот претседател Владимир Путин престојува во дводневна посета на Бугарија, која според аналитичарите, би можело да ги интензивира тензиите меѓу Брисел и Москва околу руската енергетска политика. Имено, се очекува во Софија двете страни да потпишат договор за изградба на нуклеарна централа во вредност од скоро шест милијарди долари, но и да разговараат за нов гасовод со кој западна Европа, преку Бугарија, би се снабдувала со руски гас.

Посетата на Владимир Путин на Бугарија, една од најновите членки на Европската Унија, всушност целата е посветена на енергтски прашања и затоа повеќето други членки на Унијата мислат дека таа повеќе ќе одмогне отколку што ќе помогне во нивните напори да дојдат до други патишта за снабдување со гас, освен руските. Новиот гасовод, заеднички предложен од руски Газпром и италијанскиот Ени ќе придонесе другите членки на Европската Унија да станат уште позависни од руски гас. И сега околу четириесет проценти од потребите за гас во европски земји се задоволуваат од Русија. Затоа Брисел се обидува преку други патишта, преку Каспискиот регион и Турција, да дојде до потребната енергија. Станува збор за познатиот гасовод Набуко.

„Секако дека Европската Комисија смета дека Набуко е приоритет бидејќи преку него ќе доаѓа гас од друг регион, односно преку други патишта со што ќе се зголеми сигурноста на европскиот енергетски пазар. Но, Комисијата не е против тоа да се прават и други нафтоводи.“

Вели преставникот на Европската комисија Феран Еспуни. Но, новиот руски гасовод, според посматрачите, би можело да ги зголеми апетитите на Москва енергијата да ја користи за остварување на сопствените економки и политички цели. Инсистирањето на историските врски меѓу Москва и Софија за време на оваа посета на Путин, според посматрачите, само го потврдува тоа. Имено, како што се оценува, иако Бугарија е цврсто во Европската унија, сепак се уште историски е една од руските најблиски партнерки. Опозицијата во Бугарија веќе стархува од тоа Софија да не почне полека политички да се доближува кон Москва. Како на потврда на тоа ја посматраат и свечената церемонија на која вчера во Софија беше претставена Годината на Русија во Бугарија.

„Кога ја составивме заеднички оваа програма ние сакавме да ве запознаеме со сегашниот живот во Русија, да ја почувствувата уште еднаш потребата за приајтелска соработка, без оглед дали времињата се променија.“

Изјави претседателот Владимир Путин на церемонијата на која учествуваше и шефот на бугарската држава Георги Прванов.
XS
SM
MD
LG