Достапни линкови

Немаше потреба од одолговлекување, сметаат експертите


Немаше потреба од одологовлекување на враќањето на четирите хашки случаи од Македонија за кои Трибуналот не поведе постапка, коментира стручната јавност по дописот од Хашкиот трибунал до државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски со кој се известува дека Обвинителството во Хаг донело одлука да ги врати предметите.

„Ако трибуналот застанал на таа позиција, тоа е јасно и не можеме повеќе да дискутираме и да зборуваме и да се поставува како спорно прашање дали сега тие треба да решаваат или не,“

изјави Осман Кадриу професор на факултетот за општествени науки кој додава дека сега веке не може да се одолговлекува нивното враќање, но оти треба да се утврди дали за некои од лицата треба да се примени амнестија.

Цветанка Иванова од парламентарната законодавно-правна комисија укажува дека досегашните изговори дека е потребно време за обука на судии и обвинители за постапување по вакви предмети се претерани, бидејќи Македонија е подготвена, а обуките се спроведуваат во разумен рок

„Република Македонија оваа работа требаше одамна да ја заврши. Тоа требаше да се случи во втората половина на 2006, но не се случи, а не се случува ниту една и пол година подоцна. Мислам дека неоправдано се одолговлекува со преземањето на овие случаи,“

вели Иванова.

Кадриу укажува дека одолговлекувањето е случај поради стравувањата дека тоа ке влијае на меѓуетничките односи:

„Сега уште повеќе ќе се актуелизира прашањето околу меѓуетничките односи и состојби во нашата држава,“

изјави професор Кадриу.

Одлуката за вракање на предметите, како што се наведува во дописот е донесена по добиено известување од обвинителот Љупчо Шврговски на 19 септември минатата година дека Македонија смета оти Судскиот совет, а не обвинителството на трибуналот треба да донесе формална одлука за вракање на четирите предмети. Шврговски за медиумите вели дека оваа одлука на Хаг е очекувана и оти повеке детали за понатамошната постапка ке се знаат по добивање на предметите. Станува збор за случаите затворање на Липковската брана, малтретирањето на работниците од градежното претпријатие Маврово, гробницата во тетовски Непроштено, и раководството на ОНА, Во Хаг се постапува само за случајот Љуботен.
XS
SM
MD
LG