Достапни линкови

logo-print

Мизерни услови за студентите во студентските домови кои се распаѓаат


Руинрани соби, распаднати тоалети, стари кревети, тавани што прокиснуваат, постојан недостаток од топла вода. Нема библиотеки, нема простор за интернет,провев, наместо греење, домашна зимница над прозорите. Вака може да се опише сликата во некои од студентски домови во Скопје. Погледнато од внатре изгледа нелогична капањата на Владата – Образувајте се.

Мизерните услови во кој најголемиот дел од денот го поминуваат академски граѓани е само опис на состојбата во која се наоѓа кадрите на идниот развој.

Студентите со кој разговарамве велат дека животот во нивните колективни домови е вистински кошмар. Но, релативно ефтини, тие се претворени во нужно сместување.

„Вода нема за пиење, од шише пиеме вода, во собата нема.“
„Добиваме четири илјади бона со кои може да јадеме нешто во менза.“
„Да се изгради нешто подобро, подобро ќе е за сите.“


Мината година владата најави тендер за реконструкција на јавните студенските домови. Но од тоа засега нема ништо, ниту пак е планирна санација на најзагрозените домови..

„Тоа е стратегија да се обноват во рок од три години. ОД 2006 е таа стратегија до 2009 да се обноват домовите и изградба на нови,“

вели Снежана Лузановска од министерство за образование.
Ако ги регистрирате состојбите со студенстскиот стандард ви изгледа нелогично да прашувате каков система на европски стандарди се воведени на државните универзитети.

Неможе да зборуваме за модерно студирање ако една група има 300 студенти, оценува универзитетскиот професор Емилија Црвенковска:

„Основна пречка кај нас за приближување кон овој процес е недовлната кадровска екипираност. Кога би имале по неколку професори и асистенти на еден предмет, секако дека би се подобри квалитетот во наставата.“

Црвенковска како декан на скопскиот филиолшки факултет сепак вели дека има напредок во практицирањето на болоњските критериуми и систем на студирање:

„Но, по условите што ни се пружаат нам и на студентите, треба време за привлижување кон европскиот процес.“
XS
SM
MD
LG