Достапни линкови

Сеуште нема консензус за законот за јазиците и обештетувањето на борците од ОНА


Идната среда на состанокот на министрите на НАТО во Брисел премиерот Груевски може да отпатува без постигнат консензус за законот за јазиците и обештетувањето на борнците од ОНА. На усогласување на ставовите на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ пред овој состанок инсистираа високои американски дипломати.

Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ член на работната група која треба да ги усогласи ставовите за обештетување на воените инвалиди вели дека во полседниов период не одржувале состаноци бидејки излегле со конкретен предлог кој е во рамки на веке постоечките закони и сега очекуваат да биде прифатен

„Значи, правата од инвалидност, правата на оние кои не се социјално згрижени, социјална помош, значи тоа е пакетот и останува понатаму да се разговара и со другите партии и пред се ДУИ и ДПА да го прифатат тоа.“

И додека Бонева тврди дека Груевски и Ахмети во мај не се договориле за посебен закон за борците на ОНА туку за обештетување во рамки на веке постоечките закони Муса Џафери од ДУИ вели:

„Мајскиот договор точно кажува дека врз сегашниве закони и подзаконски акти треба да се најде решение, а ако тоа нема да биде доволно тогаш би требало нешто да се промени.“

Џафери кој е член на работната група за законот за јазици вели дека на состаноците кои ги одржуваат има мал напредок но сепак се останати уште многу работи за усогласување. Предлог закон за јазиците според него би можел да се очекува до крајот на февруари. Оценката на Џафери е дека не е можен консензус до 23 овој месец:

„Мислам дека тоа е многу кратко и брзо и за жал нема да има до 23 консензус, само ќе има дека уште постои волја и дека се почитува таа обврска од Мајскиот договор да се преговара и бара решение.“

Бонева пак е оптимист дека за обештувањето на жртвите од конфликтот може да се дојде до решение поскоро

„Тоа што е постигната согласност, јас зборувам за жртвите од конфликтот, значи се разговараше до сега за тоа и мислам дека колегите треба да се согласат за нешто за што е постигната согласност уште во мај.“

По вчерашната средба на хрватскиот премиер Санадер со генералниот секретар на НАТО Схевер некои дипломатски извори тврдат дека од Јадранската група поканата за членство во алијанста и осигурана само на Хрватска додека за Македонија и Албанија сеуште постојат дилеми.
XS
SM
MD
LG