Достапни линкови

Косово подготвено да прогласи независност, Србија никогаш нема да ја признае


Косово е подготвено да прогласи независност. Србија никогаш нема да ја признае независноста но нема да употреби насилство за да ја спречи. Ова е сублимат од вчерашните говори и изјави на Претседателот на Србија Борис Тадиќ и косовскиот Премиер Хашим Тачи на и по седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации на која беше разгледан извештајот за состојбата во Косово, подготвен од генералниот секретар на Бан Ки-мун и неговиот пратеник, шефот на УНМИК Јоаким Рикер. И оваа седница на Советот не донесе ништо ново.

Американскиот амбасадор во Обединетите Нации, Заламај Калилзад зборувајки пред новинарите по седницаат на Советот за Безбедност изјави дека Советот е блокиран по прашањето за Косово.

„Јас мислам дека планот на Ахтисари е единствениот во игра. Јас верувам дека овој план ги почитува позициите на двете страни. И На Приштина и на Белград кои се согласија дека тој е разумен пристап и неговата имплементација е вистинската работа која треба да се направи.“

Српскиот став за суштинска автономија и за продложување на преговорите беше поддржан од страна на рускиот амбасадор во Советот, Виталиј Чуркин, кој зборувајки пред новинарите го предупреди Рикер дека мора да ја поништи евентуалната одлука на косовските Албанци за еднострано прогласување на независност.

„Косово никогаш нема да биде полноправно признат член на меѓународната заедница, нема да биде членка на меѓународните политички институции, ниту некогаш ќе биде примена во оваа зграда во Обединетите Нации.“

Претседателот на Србија Борис Тадиќ, кој имаше обраќање на седницата го повика Советот за Безбедност предупреди дека ќе биде преседан унилатералното признавање на Косово што ,според Тадиќ, ќе значи дестабилизација на Балканот.

„Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово и ќе го штити својот територијален интегритет со демократски средства, легални аргументи и дипломатија. Затоа, дами и господа, јас потврдувам дека Србија нема да посегне по насилство и војна.“

Косовскиот премиер Хашим Тачи обраќајќи се пред Советот за Безбедност пак рече дека е јасно оти во Советот за безбедност нема консензус. Според Тачи, реализацијата на планот на Марти Ахтисари за набљудувана независност во присуство на Европската унија и НАТО е најдобар пат.

„Наскоро ке донесеме одлука за независност и се надеваме дека Меѓународната организација ке не признае. Тоа го очекуваме од Вашингтон, Брисел и други држави. Се што ќе правиме ќе правиме во соработка со нив.“

Во извештајот на Генералниот секретар Бан Ки-мун се наведува дека е малку веројатно да се одржи статус кво и оти главен приоритет за Советот за Безбедност треба да биде продолжувањето на процесот за одредување на идниот статус на Косово.
XS
SM
MD
LG