Достапни линкови

Дали Буш ќе успее во тоа што не успеа Клинтон пред осум години?


Палестинските и израелските преговарачи ги започнаа разговорите за постигнување мировен договор. Американскиот Претседател Џорџ Буш изрази увереност дека до крајот на неговиот мандат за една година ќе се постигне израелско – палсетински мировен договор. Неговиот претходник Бил Клинтон даде слично ветување пред 8 години и не успеа. Сега и подржувачите на Буш велат дека целта на Претседателот е премногу оптиомистична иако вредна во поширок контекст.

„Верувам дека е можно. Не не само можно туку верувам дека тоа ке се сличи, дека договор ке се потпише до времето на моето заминување.“

Ова беа зборовите на американскиот претседател Џорџ Буш дадени во Рамала на Западниот Брег по средбата со Палестинскиот Претседател Махмуд Абаз. Критичарите на Буш велат дека тој го игнорирал ова прашање 7 години, но дека сега неговата администрација е посветена на таканаречениот Роад Мап план подржан и од Европската Унија, Русија, и Обединетите Нации. Целта е создавање палестинска држава во мирољубива коегзистенција со Израел на Блискиот Исток. Даниел Плетка потпретседател на студиите за надворешна плитика и одбрана на Американскиот Ентерпрајс Институт еден од подржувачите на Буш за Слободна Европа најпрвин во смеење изјави дека патот до пеколот е покриен со претседатели оптимисти за решението наречено две држави до крајот на мандатот, алудирајки на претходникот на Буш, Бил Клинтон.

„Јас не мислам дека е малку не реалистичен. Јас мислам дека е целосно не реалистечен. Главната цел на Роад мапот не е постигната. Палестинците се уште ја немаат контролата врз терористичките организации. Хамас е огромен проблем, но и Фатах е друг проблем. Ал Акса бригадите се дел од Фатах на Махмуд Абаз кои продолжуваат да оперираат како терористичка организација која убива цивили.“


Со ставот на Даниел Плетка за преголемиот оптимизам се согласува уште еден подржувач на Бушовата надворешна и одбранбена политика. Тоа е Џејмс Филипс од Вашингтонската Хертаџ фондација. Меѓутоа тој не се согласува дека администрацијата на Буш не била ангажирана.

„Вие не можете да речете дека администрацијата не била ангажирана. Под Арафат мирот не беше можен. Сега Хамас е тврдокорен за идните мировни перспективи. Јас мислам дека е речиси ирелевантно што прават претседателите, бидејки палестинците не се спремни за мир. И израелците, кои беа разочарани со палестинскиот неуспех да живеат според ветеното од процесот во Осло, не се спремни на мир.“

Сепак, вели и Филипс, изразувањето оптимизам е калкулиран начин за да се охрабрат преговарачите од двете страни. Кој инаку би преговарал сериозно ако има мали шанси за успех. На дневен ред на изралско палестинските преговори се државните граници, иднината на Ерусалим, палестинските бегалци и и еврејските населби односнио најтешките прашања за кои во минатото немаше договор.
XS
SM
MD
LG