Достапни линкови

logo-print

Брдо: Состанок на Контакт групата за Косово


Контакт групата за Косово во сабота ќе се состане во дворскиот комплекс Брдо, во близина на Кран, соопшти Министерството за надворешна политика на Словенија. На средбата ќе учествуваат министрите за надворешни работи на Велика Британија, Германија, Италија, Франција, како и европскиот комесар за проширување Оли Рен и високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана. На состанокот ќе се разгледува ситуацијата околу Косово и конкретни рокови за испраќање цивилна мисија на покраината.
XS
SM
MD
LG