Достапни линкови

Белград: Борис Тадиќ ги повика ОН да одлучат преговорите за Косово да продолжат


Претседателот на Србија, Борис Тадиќ синока го повика Советот за безбедност на Обединетите нации да донесе одлука за продолжување на преговорите за идниот статус на Косово. Тадиќ на седницата на Советот истакна дека Србија е подготвена и дека има добра волја, како партнер на Советот за безбедност, да учествува во пронаоѓање компромисно и оддржливо решение кое долгорочно ќе обезбеди мир и стабилност на Балканот и подобар живот на сите негови жители. Во мегувреме пак косовскиот премиер Хашим Тачи истакна дека покраината е подготвена да прогласи независност и оти наскоро за тоа ке биде донесена одлука. Рускиот амбасадор во Обединетите нации Виталиј Чуркин изјави дека Косово нема да стане членка на Обединетите нации.
XS
SM
MD
LG