Достапни линкови

logo-print

Скопје: Прв состанок на Комисијата за испитување несреќи


Комисијата за испитување несреќи и сериозни инциденти во воздухопловството вчера го одржа првиот состанок на чиј дневен ред беа прашањата за начинот, методологијата и принципите на работа, како и спроведувањето на активностите, собирањето на сите информации и релевантни факти во врска со несреќата кај катлановско Блаце. Комисијата, синока соопшти дека остварила контакти со Комисијата за основно испитување вонреден настан - воздухопловна несреќа при ГШ на АРМ формирана од началникот, генерал потполковник Мирослав Стојановски, со истражните судии од Основниот суд Скопје, со јавниот обвинител при Основното јавно обвинителство во Скопје, како и со началниците на одделенијата за крим техника во Министерството за внатрешни работи. Во текот на разговорите се утврдени начинот на соработка и преземањето активности за сестрано испитување и стручно анализирање на несречата со цел професионално и сеопфатно да се утврдат фактите и околностите под кои се случила.
XS
SM
MD
LG