Достапни линкови

logo-print

Њујорк: Извештај на Фридом Хаус за слободата во светот


Во новиот извештај на американската организација за човекови права Фридом Хаус се наведува дека слободите продолжуваат да опаѓаат во големи делови на светот, вклучувајќи ги Русија, Иран, Пакистан, Венецуела и Кина. Во извештајот се прецизира дека лани деведесет земји биле оценети како слободни што е четириесет и седум насто од сто деведесет и трите земји во светот. Сепак, една петтина од земјите се уште немаат слобода и демократија. Македонија и годинава е сместена во делот на делумно слободни.
XS
SM
MD
LG