Достапни линкови

Вашингтон: САД ќе испрати дополнителни војници во Авганистан


Американското министерство за одбрана потврди дека уште околу три илјади маринци ќе бидат испратени во Авганистан за да им помогнат на НАТО силите во борбите против талибанците и припадниците на Ал Каида. Со ова бројот на американските војници во Авганистан од април годинава, за кога е планирано дополнителното засилување, ќе изнесува триесет илјади.
XS
SM
MD
LG