Достапни линкови

Њујорк: Советот за безбедност на ОН ќе го разгледа извештајот на УНМИК за Косово


Советот за безбедност на ОН денеска ќе го разгледа извештајот на УНМИК за ситуацијата на Косово, кој ќе го претстави шефот на мисијата Јоаким Рикер. Амбасадорите на советот вчера се договорија за форматот на седницата, според кој е предвидено прв да се обрати српскиот претседател Борис Тадиќ, по што дебатата ќе продолжи зад затворени врати. Освен Рикер, на присутните ќе им се обрати и претставник на косовските власти, најверојатно премиерот Хашим Тачи.
XS
SM
MD
LG