Достапни линкови

Скопје: Владата и Конфедерацијата на слободни синдикати ќе потпишат колективен договор


Министерот за труд и социјaлна политика Љупчо Мешков, во името на Владата на Република Македонија и претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати Раско Мишкоски, ќе го потпишат Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија. Со Колективниот договор се уредени правата и обврските на работниците и работодавачите од работен однос во јавниот сектор на Република Македонија, условите и начинот на остварување на правата и обврските од работен однос, како и начинот и постапката на решавање на меѓусебните спорови.
XS
SM
MD
LG