Достапни линкови

logo-print

Критики за нереално доделуваните субвенции и барање за укинување на концесијата


Земјоделците од велешкиот регион 2007-та година ја завршија незадоволни. Велат дека и овој министер не си ги исполнил ветувањата, а владините изјави за високи субвенции во земјоделството, велешките земјоделци не ги почувствувале:

„Ако субвенција зедоа 100 земјоделци, тогаш ќе земаа само 10 земјоделци. Ако субвенции имаше само за пченица, а не за јачмен, и ако субвенции имаше само за 50 хектари, а има земјоделци кои имаат 100, 150 хектари, значи субвенции се даваа само за 50 хектари.“

вели земјоделецот Зоран Ивковиќ. Ако владата смета дека земјоделството како гранка треба да ја развива македонската економија, тогаш треба да ги ислуша нашите барања и взаемно да ги решаваме, вели Трајче Јованов земјоделец од Сујаклари. Според него министерот за земјоделство Ацо Спасеновски ветил дека тие во 2007 година нема да плаќаат концесии, а кон крајот на годината во подрачната единица на Министерството за земјоделство во Велес веќе пристигнале решенија за плаќање на концесијата:

„Ако ние не се избориме да не ослободат од концесијата, тоа значи дека ќе ги добиеме решенијата и тогаш сакале или не ќе мора да платиме.„

Протестите беа единствена опцијата да се сврти вниманието на надлежните, но и тие не вродија со плод. Проблемот со исплатата на средствата за користење на државно земјиште останува и натаму нерешен, вели Зоран Ивковиќ:

„Бидејќи земјоделците еднаш платија концесија, мислам дека апсурдно е во оваа економска ситуација земјоделците да платат уште една концесија.“

Министерост за земјоделство Ацо Спасеновски смета дека барањата на земјоделците се нерални:

„По кој основ да бидат ослободени. Им ветивме дека ќе ги разгледаме проблемите со сушата и врз основа на тие проблеми ќе предложиме заеднички мерки“.

вели Спасеновски.
XS
SM
MD
LG